|
За да ја одбележи 200 годишнината на марката и стартот на продажбата на лимитираната серија на купето RCZ, Peugeot одлучи да се натпреварува на трката на издржливост 24 часа Нирбургринг.

Ова е прво учество на Peugeot на легендарната трка, а од компанијата се надеваат дека токму учеството на популарната трка ќе го зголеми интересот на германските купувачи за RCZ.
Pegueot RCZ за 24 часа Нирбургринг е подготвен во работилницата на Peugeot Sport. Го задвижува модификуван 2.0 литарски турбо дизел HDi FAP кој остварува 200 КС при 3.750 врт/мин и има максимален вртежен момент од 400 Nm расположив од 4.000 до 4.500 врт/мин, а снагата се пренесува до предните тркала преку шест степен менуелен менувач.
Напред се поставени вентилирачки дискови со димензија 302х26 mm исто како и сериските, но сепак припаѓаат на спортската програма на Brembo заедно со четири клипните сопирачки клешти и плочки. Одзади тркачкиот RCZ ги користи сериските дискови и сопирачки клешти во кои се поставени тркачки плочки за сопирање.
Суспензијата е модификувана и користи пружини и амортизери од тркачката програма на Peugeot Sport. Кованите леснометални бандажи имаат дијаметар од 18 инчи и се обуени во тркачки гуми на Michelin: сликови S8C и гуми за дожд P2A и едните и другите со димензии 24/64.
Од Peugeot не ги откриваат перформансите на тркачкиот RCZ кој на 24 часа Нирбургринг ќе се натпреварува во класата D1T каде влегуваат возилата со дизел мотор со зафатнина од 1.700 до 2.000 сантиметри кубни.
На трката ќе се појават два автомобила со реден број 200 кој припаѓа на францускиот тим на Peugeot и реден број 201 кој му припаѓа на германскиот тим на Peugeot. Францускиот RCZ ќе го вози четири член екипаж составен од одговорните лица во компанијата, додека зад воланот на германскиот RCZ ќе се менуваат четворица професионални возачи.
Што се донесува до споменатата лимитирана серија на RCZ, таа е произведена во само 200 примероци и со неа се означува стартот на продажбата на RCZ. Интересно за лимитираната серија е што е разграбана за само 48 часа од отворањето на нарачките за време на салонот во Франкфурт минатата есен.
Со испораката на првите примероци од оваа серија со цена од 35.000 евра кон крајот на април стартува и официјалната продажба на Peugeot RCZ.
|