|
27.03.2007 |
Peugeot е официјален
партнер на светскиот шампионат во рагби што ќе се одржува
од 7. септември до 20. октомври 2007. Французите беа спонзори и на
претходниот светски шампионат во 2003 година.
За светскиот настан се очекуваат
преку два милиона гледачи на стадионите и преку три милијарди телевизиски
гледачи. Дваесетте најголеми нации во рагби ќе се соочат во 48 натпревари. Шампионатот
ќе се одржува во десет градови во Франција, како и во Кардиф (Велс) и Единбург
(Шкотска).
|