Новиот пикап на Volkswagen со карактеристики на високо проодно теренско возило ќе се вмеша во борбата
за пазарниот колач со веќе востановените екстремно издржливи јапонските
превозници од овој вид.
Пикапот ќе може да превезува терет со тежина до 1 тон.
Неговата сериска верзија како и концептот од минатата година ќе биде
претставена на салонот за товарни возила во Хановер.
Тестирањето е во завршна фаза за што говорат и
фотографиите направени од ловците на автомобили на кои пикапот носи камуфлажа
само на предниот дел, а од средина на 2010 влегува во сериско производство и
стартува со продажба.
Од Volkswagen веќе го најавуваат и името. Нивниот пикап е крстем Amarok и
според шефот на одделот на VW за лесни товарни возила, Стефан Шалер,
името значи Волк на јазикот на Ескимите кои живеат на Гренланд
и северните области на Канада.
Тие го сметаат волкот за цар на дивината, импресивна
фигура на која се восхитуваат заради неговата снага, цврстина, издржливост и
супериорност.
Дополнително името Amarok на романските јазици кои претежно се зборуваат на тлото на Јужна Америка каде
што ќе се произведува пикапот на VW значи ”Toj
сака камења”.
На овие пазари пикапите се најценетите возила заради
нивната разностраност. Тие се користат во секојдневието за работа, но и за
уживање во слободно време како што е теренско возење, рекреација...
“Името во целост одговара на карактеристиките на возилото. Изборот беше
тежок и на него се обрна посебно внимание. Amarok ќе се продава на сите
пазари и секаде треба да предизвика позитивна асоцијација,” истакнува
Шалер.
Amarok
е проекто изработен од бел лист хартија до сериско
производство, без да се користат делови, платформи или мотори од другите модели
на групацијата. Првично Amarok ќе се произведува како пикап со дупла кабина и товарен простор, а подоцна
се очекува и веријата со единечна кабина.
Од Volkswagen
најавуваат дека под хаубата на Amarok ќе работат нова генерација на чисти трубо дизел мотори со директно
вбрзигување и common-rail. Пикапот ќе се прoизведува во погоните на групацијата VW во
Пачеко, градче во близина на главниот град на Аргентина, Буено Аирес.
Продажбата првично стартува на пазарите во Јужна и
Централна Америка на пролет следната година. Во текот на летото Amarok ќе
пристигне и во Европа, а до есен 2010 ќе се најде и на пазарите во Северна
Америка, Австралија и Африка.
|