Get Adobe Flash player
Pininfarina ќе ја разубавува Lada Niva
02.09.2010

Славното италијанско дизајнерско студио Pininfarina објави дека постојат планови од рускиот работен пони Lada Niva да се направи прекрасен теренец кој лесно би проаѓал и на современиот европски пазар.

lada-niva-4x4-2010-1

Информацијата не доаѓа од било кого, туку од претседателот на големата инвестициска компанија ItalTradeInvest, Габриел Митсу, компанија која е главен партнер на студиото за индустриски дизајн и каросерија Pininfarina.

Во својата изјава Габриел Митсу не даде никакви подетални информации околу развојот на новиот проект, но затоа истакна дека Lada Niva е специјализиран продукт кого знаат да го ценат сите оние на кои им е потребен сериозен, а не скап теренец кој без оглед на приликите си ја завршува работата.

Затоа нејзиниот настап на западно европските пазари иако не претставува бум, сепак е стабилен. Меѓутоа тој како и одговорните од AvtoVAZ сметаат дека не би пречело ако Lada Niva се претвори во поубав производ.

Во моментов меѓу AvtoVAZ, Pininfarina и ItalTradeInvest се водат преговори за моќноста Lada Niva наменета за пазарите во Западна Европа да се произведува во слободните погони на Paininfarina во Италија.

Во информацијата се вели дека точно на 9. септмеври претседателот на Pinifarina, Силвио Пиетро Агори, ќе пристигне во Москва и таму на средба со руските власти, најверојатно премиерот Путин и со претставници на AvtoVAZ ќе ги претстави идеите и плановите за соработката меѓу Pininfarina и Lada.

Интересно е што предлогот за соработка на Pininfarina доаѓа набрзо откако Путин им порача на одговорните во AvtoVAZ да поработат на дизајнот и да престанат да прават здодевни автомобили.

 

 

 

Facebook