Get Adobe Flash player
Пластични бандажи се блиска иднина
22.06.2007
plasticen-bandazБандажите од лесна легура набрзо можат да бидат заменети со многу полесни, направени од композитна пластика. Придобивката од пластичните бандажи е ниската цена и помалата тежина.

Развиен е нов систем за тестирање кој ќе им овозможи на производителите да симулираат тестови на бандажи со надеж дека тие набрзо ќе се најдат на сериските автомобили.

Специјалистите кои развиваат бандажи направени пластика зацврстена со стаклени влакна или GRP – Glass Reinforced Plastic, никогаш до сега не можеле да спроведат тестови кои ќе ги задоволат регулативите за безбедност на производителите на автомобили.

Но, ваквата состојба ќе се смени со новиот систем за симулации развиен од европскиот институт Frauhofer-Gesellschaft.

Симулациите користат томографски приказ за одредување на должината, закривеноста и густината на стаклените влакна што се користат за производство на бандажи.

Овие три параметри се пресудни за цврстината и за максималното напрегање што може да го издржи материјалот.

Ова ќе им овозможи на проиводителите да предвидат како ќе реагира бандажот на удар во тротоар или при судар, како и издржливоста на долгорочен план.

До сега прототипни примероци од пластични бандажи успешно поминале тестирање од преку 250.000 километри. 

 

 

 

Facebook