Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Плати еден земи два автомобили
09.12.2008
belgija-cardoen-diler-1.jpgОва не е плод на нечива фантазија туку реалност предизвикана од финансиската криза. На овој чекор се одлучил еден од најголемите дилери во Белгија фирмата Cardoen.

Cardoen од 15 ноември до 15 декември оди со акција со која дава можност на секој купувач што ќе купи автомобил во вредност од над 23.000 евра да си одбере уште еден автомобил со цена до 14.000 евра кој ќе му биде подарен.

За да нема забуна во Сardoen објаснуваат дека подарокот е подарок и дека купувачот за вториот автомобил не треба да плати ништо. Дури и давачките за него одат на терет на продавачот.

Новинската агенција Reuters соопштува дека акцијата на Сardoen бележи огромен успех. За нив директорот на продажба на Cardoen, Иво Вилемс изјавил дека посетеноста на дилерските центри на компанијата низ цела Белгија е зголемена десет пати.

„Луѓето доаѓаат да се запознаат со нашата понуда, голем број од нив пристигнуваат и од другите европски држави, не само од Белгија, што не наведува да констатираме дека акцијата е вистински погодок,” заклучува Иво Вилемс.

Тој истакнува дека нивната акција дава извонредни резултати без оглед на кризата и дека тие продаваат огромен број автомобили и постигнуваат одлични финансиски добивки.

Вилемс дополнува дека компанијата и покрај тоа што поклонува автомобили воопшто не губи на заработка, напротив бележи пораст.

Cardoen како еден од најголемите продавачи на автомобили во Европа на различни автомобилски марки ги добива автомобилите од производителите по значително пониски цени, особено сега во услови на криза кога продажбата низ цела Европа замира.

Токму ниските набавни цени им овозможуваат да продаваат два автомобили по цена на еден и да работат со профит. Без оглед што продажбата во Белгија во текот на ноември е пониска за 17%, Сardoen се одржува на врвот.

Колку за пример продажбата во претпоследниот месец од годината во Шпанија паднала за дури 50%, а европскиот просек за ноември бележи пад од 25%.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook