|
14.06.2007 |
На 15 јуни 1957 градот Тулса закопа нов Plymouth Belvedere заедно со неколку други предмети (цигари, неплатен билет за паркирање, шнола) во цементна гробница со намера по 50 години таа да биде отворена.
Содржината на гробницата беше замислено да биде награда за тој што ќе ја погоди најблиску популацијата на градот на 15 јуни 2007.
Вчера, на два дена пред планираната ексхумација на Plymouth градот реши да го отвори капакот. За несреќа, работниците наидоа на застојана вода и на знаци дека автомобилот е уништен. Гробницата беше конструирана да издржи нуклеарен напад, но очигледно не и вода.
Состојбата на возилото се уште не е позната, бидејќи тоа е завиткано во космолен, комбинација од метал и пластика заради заштита на возилото. Следуваат уште вести за временската капсула од Тулса. Мошне е веројатно дека возилото ќе биде во одлична состојба и со тоа ќе се докаже ефикасноста на изолацијата применета пред 50 години. Американците некогаш имаат оригинален пристап во маркетингот.
|