|
15.10.2007 |
Од секогаш Subaru го обожуваа фановите на релито, или
пак, луѓе што живеат во делови од земјината топка каде преовладуваат влажни,
смрзнати и неасфалтирани патишта.
Воедно Subaru никогаш не произведувал автомобили за широките народни
маси, но сега автомобилската гранка на Fuji Hevy
Industry кинисува во освојување на просечниот купувач.
И повторно воскреснува името на Justy кое ќе
биде поставено на платформа на постоечкиот Daihatsu Sirion
и ќе има погон напред. Секако не е исклучена можноста за погон на четири тркала
кој ќе се добива како опција, но не и во Европа.
Ова можеби личи чудно, но факте е дека во овој сегмент
преовладуваат возила со погон на предни тркала што значи дека Subaru игра на
сигурно.
Плус погонот на четири тркала во оваа класа би значело
значително зголемување на цената која преоѓа во повисока класа што сигурно нема
да им се допадне на потенцијалните купувачи.
|