Откако Porsche објави дека конечно ја заврши транскацијата и од VW го купи
управувачкиот пакет на акции со удел од преку 50% се сврте и кон шведскиот
производител на камиони.
Porsche кон крајот на минатата година објави дека го одложува
купувањето на управувачкиот дел на акции во VW за
почетокот на 2009. Најавата беше остварена и Porsche стана
сопственик на VW со вкупно 50,76% од акциите на VW.
За да ја оствари оваа транскација Porsche
мораше да плати 8,49 милиојарди долари што е за оптрилика 25% повеќе
отколку што би платил минатата година ова време.
Заради збиднувањата на глобално ниво и финансиската криза
акциите на VW се искачија до вредност од 1.250 долари за акција со што
VW стана највредната компaнија на светот.
Со купувањето на VW, Porsche се обврзува
да ја превземе и Scania. Причината се сокрива во фактот дека VW поседува
69% од шведскиот производител на камиони.
Иако во Porsche изјавија дека не се заинтересирани за Scania, сепак откако
го купија VW, немаат друг избор и треба да направат понуда.
Вредноста на Scania во моментов се
проценува на 2,92 милијарди долари, но Porsche нема
намера да одвои олкава сума и ќе бара од законодавните власти на Шведска да
определат некаква минимална сума.
Во својата куса изјава гласноговорникот на Porsche
истакна: „Сакаме да нагласиме дека Porsche нема
никаков интерес за Scania и дека доставениот предлог за купување не е наша желба
туку обврска.”
Ова значи дека Porsche нема никакви
планови за иднините опреации на Scania и дека производителот
продолжува по зацртаните стапки без премногу инструкции од страна.
|