Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Почина основачот на TVR
10.06.2008
tvr-sagaris-1.jpgТревор Вилкинсон, основачот на TVR британската марка на спортски автомобили, почина на 85 годишна возраст во својот дом на Минорка, остров северно од Мајорка во Шпанија.

Вилкинсон официјално се повлече од раководење со TVR во 1965 и се пресели на Минорка каде живееше се до неговата смрт. Но и покрај повлекувањето неговото влијание врз марката и создавањето на извноредните спортски автомобили остана забележано се до пред неколку години кога се разболе.

Компанијата беше создадена две години по завршувањето на Втората светска војна, а името беше формирано од буквите во името на Вилкинсон, TreVoR. Првиот автомобил создаден во 1947 година имаше просторна шасија од челични цевки, додека каросеријата беше направена од алуминиумски панели.

Секако еден ваков концепт на автомобил се сметал за, најблаго речено, невообичаен за периодот во кој настанал, но радикалниот дизајн и конструкција од секогаш оделе рака под рака со радикалната природа на Вилкинсон.

По повлекувањето на Вилкинсон од раководството на компанијата, TVR често ги менуваше сопствениците во текот на годините. Големо изненадување беше кога младиот руски бизнисмен Николај Смоленски одлучи да го купи TVR со намера да ја прероди компанијата и да почне да произведува по 5.000 примероци годишно кои ќе пристигнуваат до богатите и ексцентрични купувачи ширум светот.

Тоа не му успеа и правата за името и поголемиот дел од капиталот и основните средства беа продадени на двајца американски инвеститори кои во моментов работата на развој на гама модели кои за почеток ќе се продаваат во Северна Америка, поточно САД.

Во галеријата е последниот модел кој е развиен во TVR, Sagаris чие производство стартуваше во 2004.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook