Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Почна производството на Beetle
20.07.2011

Во погоните на Volkswagen во мексиканскиот град Пуeбла започна сериското производство на новата, трета по ред, генерација на Beetle. Значен момент проследен од видни личности.

vw-beetle-puebla-mx-1-2011-1

На симнувањето на првиот примерок на модерниот Beetle од производните ленти присуствуваа Министерот за внатрешни работи на Германија, Гуидо Вестервеле, претседателот на Мексико, Фелипе Калдерон и член на Бордот на директори на Volkswagen, Хуберт Валтл.

Фабриката на VW во Пуебла е најголема автомобилска фабрика во Мексико и во него покрај Beetle се произведуваат и Jetta и Golf Variant наменети за пазарите во Северна и Јужна Америка.

Во фабриката работат преку 15.000 вработени кои само минатата година успеале да произведат преку 435.000 автомобили. Колкаво е значењето на оваа фабрика за Volkswagen на церемонијата говореше Хуберт Валтл.

Beetle е силен симбол на нашата марка. Тој ги комбинира емоционалното наследство и иднината на Volkswagen. Производството на новата генерација на Beetle и производството на мотори во фабриката во Силао ја покажуваат нашата доверба во Мексико како основна локација за производство во овој дел на светот,” истакна Валтл на крајот од своето излагање.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook