|
Првиот примерок на новиот модел на Lada, Granta се симна од производните ленти. Обоен во славеничка бела боја и означен како 000.001 тој својот пат ќе го заврши во музејот на AvtoVAZ.

Планот на компанијата е покрај Русија, Lada Granta да се продава уште во четири држави: Азербејџан, Белорусија, Казахстан и Украина. На почеток во понудата се три нивоа на опременост Classic, Normal и Top.
Варијантите Classic и Normal според цената на пазарот ќе го заменат временскиот седан Lada Samara, а верзијата Top ќе ја замени Lada Kalina. Oд AvtoVAZ велат дека во текот на летото следната година Granta ќе добие уште варијанти.
Тие ќе бидат поопремени, а во понудата ќе влезе и верзија со автоматски менувач која ќе биде знаменосец на гамата Granta. Во моментот најскапиот модел во Русија, Top, чини 7.500 евра.

Овој модел од опрема носи: две воздушни перници, ABS, мануелен клима уред, греени ретровизори, патен компјутер, аудио систем, централна брава, електрика на стакла...
AvtoVAZ ќе произведува по 150.000 примероци годишно, но ова е проекцијата за следната година, доколку интересот се зголеми од 2013 година може да се очекува и поголема продукција.
|