|
16.01.2012 |
|
Повеќе нама сомнежи дека спортскиот кросовер Х4 ќе биде дел од семејството модели на BMW бидејќи баварскиот производител на автомобили веќе се подготвува за сериско производство.

Еден од шефовите на групацијата на BMW, Франк-Петер Арндт најави дека компанијата веќе вложила 900 милиони долари за модернизирање и проширување на погоните во Спартанбург во сојузната држава Јужна Каролина во САД.
Според Арндт, проширувањето на погоните ќе ослободи нови 300 работни места и на новата лента ќе се произведува новиот модел на BMW, а отворањето на погонот ќе се случи кога од производните ленти ќе се симне двомилионитиот модел на BMW прозведен во Спартанбург.
Само минатата година од погоните во Спартанбург излегоа 276.065 возила од кои дури 70% се продадени надвор од САД. Очекувањата се дека до крајот на годината во фабриката ќе бидат вработени околу 7.500 работници.
BMW Х4 во Европа треба да пристигне на почетокот на следната година и ќе биде лут конкурент на Porsche Cajun, a подоцна се очекува и изведба која ќе пристигне од одделот M GmbH.
|