|
29.09.2011 |
|
Еден од култните спортски автомобили во историјата на автомобилизомот Toyota Supra престана да постои во 2002 година откако беше сопрено производството на четвртата генерација на тркачот.

Од тогаш, до денес, од време, на време, се појавуваат најави дека Toyota ќе го врати моделот во производство, но на жалење на октанските зависници и фановите на моделот, новата Supra никако да пристигне.
Најновите информации според инсјадер на компанијата велат дека раководството на Toyota дало зелено светло за петата генерација на Supra и дека инженерските тимови веќе се подготвуваат да дадат се од себе во следните години на развој.
Што ќе се случува понатаму останува да видиме. Она што привлекува во целата приказна е дизајнерското решение за Toyota Supra на иднината на Андреас Фугнер кое влече инспирација од модерното купе FT-86 за која ќе се согласите личи моќно.
|