|
Kia ги откри првите цртежи од својот нов знаменосец, прв модел на марката со погон на задни тркала, за кого очекува да постави нови стандарди во поглед на дизајнот во својот сегмент.

Најавен под кодното име KH, големиот седан на Kia е еден од најочекуваните модели кои марката треба да ги прикаже во текот на годината. Со нагласена динамика во дизајнот Kia ветува дека KH ќе отскокнува од конкурентите.
Нагласената агресивност на предната маска потполнета со модерните светла и испапчената хауба му даваат на седанот лик на класичен автомобил потполнет со модерни детали.
Гледано од страна автомобилот открива едноставни линии кои ја нагласуваат неговата должина и спортско луксузниот карактер. Акцентот на динамика доаѓа и ниско поставените страници во кои се вметнати набабрени арки над тркалата и шкрги во предните крила.
Задникот ги сокрива светлата изработени по најновата технологија на светлечки диоди и мазниот премин на кровот во задните носачи во капакот на багажникот кој завршува со стилизиран спојлер.
Директорот за меѓународен маркетинг на Kia, Соон-Нам Ли, нагласува дека новиот знаменосец ги интегрира клучните елементи на марката како дизај, перформанси и висока технологија.
„Иако сеуште не е одредено кога точно моделот ќе се појави на пазарот, новиот седан со погон назад дефинитивно ќе прерасне во водечка сила на понудата на марката покажувајќи го најдоброто што доаѓа од Kia,” истакнува Соон-Нам Ли.
|