Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Погон на четири тркала за малечките модели на VW
08.05.2008
vw-cross-polo-1.jpgМалата платфрома развиена во групацијата на Volkswagen претставува основа за моделите како што се VW Polo, Seat Ibiza и Skoda Fabia и како што е познато секој од нив има погон на предни тркала.

Наскоро оваа состојба би требало да се смени. За што станува збор. Во Volkswagen наведуваат дека следната генерација на нивната мала платформа ќе се развива така за да може на неа да се постави погон на четири тркала.

Новата платформа ќе ја носи кодната ознака PQ25 и во повеќето случаи ќе се нуди како варијанта со погон на предни тркала, но ќе има исклучоци.

И покрај фактот што групацијата VW во догледна иднина ќе има платфрома за малечки автомобили со погон на четири тркала, сепак, сите марки од групацијата нема да можат да ја искористат оваа предност.

Прв пример за оваа насочена политика е новата Seat Ibiza која дефинитивно нема да го добие погонот на четири тркала, иако е првиот автомобил кој е поставен на новата платформа.

За разлика од неа Volkswagen Polo сигурно ќе се нуди и во верзија со погон на четири тркала во форма на Cross Polo кој сега се нуди со повишена каросерија, но само со погон на предни тркала.

Од оваа плтаформа би профитирала и најавуваната нова генерација на малечкиот автомобил на Audi, А1 кој во скалд со традицијата на марката ќе има погон на четири тркала.

Во сета оваа приказна отсуствува само Skoda. Модели на производителот од Чешка веќе го користат погонот на четири тркала на групата VW, но станува збор за Octavia, додека Fabia и Roomster за сега се нудат само со погон напред. Би било убаво кога во VW би одлучиле барем Roomster во верзијата Scout да се нуди со погон на четири тркала.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook