|
30.04.2007 |
Британската полиција се посреќи со подарокот од Ferrari по повод 60-годишнината на италијанската спортска ковачница. Овој примерок на Ferrari 612 Scaglietti е по мера на полицијата.
Според Ferrari, супоравтомобилот ќе се користи како атракција на настаните на кои ќе се укажува на безбедното возење.
Scaglietti има V12 мотор со сила од 540 коњски сили. Полициската кола има каросерија во боја Blue Tour de France, а ентериерот е во кремаста боја. Другите детаљи се седишта во изведба Daytona, жолт бројач на вртежи, жолти сопирачки клешти.
|