Концептот на Peugeot, 308 RCZ претставен на салонот во Франкфурт во 2007 го изоде трнливиот развоен пат
и сега спремен за сериско производство сака да ја одушеви светската јавност.
За сонот да стане јаве треба многу работа и посветеност.
Токму тоа го направи тимот за развој и дизајн во Peugeot. Инженерите и
дизајнерите создадаваат автомобил со оригинален стил кој ќе освојува и на прв
поглед, но и на прво возење.
Ова се првите официјални фотографии на кои може само да
се наѕре како ќе личи купето RCZ кога ќе се појави на пазарот. По многу бројните најави и шпијунски
фотографии Peugeot конечно одлучи да го зголеми интересoто за своето ново купе.
Целта што се сокрива зад RCZ е купето со 2+2 места за
седење да стане ексклузивен автомобил полн со емоции, наменет за ентузијасти
кои сакаат да уживаат возејќи убав автомобил.
Самото име RCZ асоцира на посебна позиција на купето во гамата на Peugeot бидејќи отсуствува вообичаениот нумерички систем со една или со две нули. Но, што значи сето тоа ќе дознаеме пред светската премиера на претстојното 63.
издание на салонот во Франкфурт.
Сепак, освен најава Peugeot сеуште ги сокрива деталите за RCZ. Се очекува дека
моторната понуда нема да биде ограничена. Напротив под хаубата ќе работат
постоечките агрегати кои веќе се вградуваат во Peugeot 308.
Претпоставките се дека врвот од понудата ќе биде 2.0
литарски бензинец кој на предната оска ќе испорачува околу 250 КС.
Продажбата стартува на пролет 2010.
|