|
13.05.2008 |
Volkswagen одлучи за љубителите на Polo да
подготви специјална серија наречена GT Rocket која со помош на
бои и мали модификации на каросеријата привлекува внимание.
Дизајнерите за Polo GT Rocket избрале четири бои:
бела, сребрена, црна и портокалова. Сметаме дека токму портокаловата најмногу ќе му одговара на ова луто топче од VW.
Без оглед на бојата во која доаѓа автомобилиот заеднички
за сите модели се црните леснометални бандажи со пречник од 17 инчи обуени во
гуми со димензија 205/50 R17.
Она што се гледа однадвор е нов спојлер на кровот и
затемнето стакло на фаровите, а под ламарината е сокриена новата спортска
суспензија. Моторната понуда говори декa Polo GT Rocket не е врвен
спортист туку дека станува збор за оставање на визуелен впечаток. Под хаубата
работат познатите мотори на VW 1.4 со 80 КС, 1.6 со 102 КС, 1.4 TDI со 80 КС и
1.9 TDI со 100 КС и истиот мотор во верзија со 130 коњски сили
која единствено може да ја оправда името GT Rocket.
Покрај надворешниот дизај впечатлива е и кабината во
која возачот и совозачот седат во спортски седишта накитени со црвени ленти по
средина кои се забележуваат и кај спортскиот волан со три крaци и кај рачката
од рачната сопирачка.
Polo GT Rocket првенствено ќе се нуди само на
германскиот пазар, а понатаму неговата комерцијализација би требало да се
прошири. Во Германија Polo GT Rocket стартува со цена од 16.875 евра.
|