Toyota еден месец
пред салонот во Париз одлучи да ги прикаже пред светската јавност новиот Avensis, микро
автомобилот iQ и компактниот SUV, Urban
Cruiser.
Досега Toyotа ги чуваше трите важни проекти во најголема тајност
и за нив се знаеше многу малку, па дури ниту ловците на автомобили не успеваа
да дојдат лесно до маскираните прототиповите за време на тестирање. iQ е сеуште недостапен, додека Avensis и Urban Cruiser по еднаш се најдоа пред камерата.
Сепак, експертите за маркетинг на Toyota одлучија
дека дојдено е вистинското време кога светот треба да се запознае со
автомобилите кои јапонскиот производител ќе ги изложи на салонот за автомобили
во Париз во октомври.
По претставувањето, комерцијализацијата на новата
генерација на Avensis стартува со продажба во јануари 2009. Автомобилот ќе се
произведува во фабриката на Toyota во Брнастон во Велика Британија.
Новиот Avensis продолжува да гази по стапките на својот претходник,
поточно актуелниот модел. Тоа значи дека Avensis покрај
класичнната лимузина – седан, ќе се нуди и како комби.
Во Toyota сеуште сокриваат детали околу механиката на Avensis, нивоата
на опременост и цените. Секако сето ова ќе излезе на видело по претставувањето
во Париз. Единствено е познато дека сите верзии на новиот Avensis ќе имаат
адаптибилни предни светла, електронска контрола на стабилноста и pre-crash
безбедносен систем, кој го подготвува автомобилот за судар кога ќе заклучи дека
истиот е неизбежен.
Во Париз покрај новиот Avensis публиката
ќе ја плени и микро автомобилот iQ кој беше
претставен како концепт годинава на салонот во Женева. Малечкото исто така
стартува со продажба следната година.
iQ во должина мери помалку од три метри, но во него по
потреба ќе можат да се сместат четири возрасни патници. Иако ќе им биде тесно за
време на патувањето веруваме дека на куси градски релации
збиениот простор и нема толку да им пречи.
Покрај одличната снаодливост за во град iQ е
неверојатно штедлив и има емисија на СО2 од 99 g/km, еквивалент
на еколошките верзии на автомобили како Seat Ibiza, Hyundai i20 i-Blue , па дури и VW Golf
VI .
И покрај малите димензии и карактеристики на градски
автомобил во Toyota уверуваат дека iQ може да се користи
и за патувања надвор од град на поблиски дестинации бидејќи малечкото е
способно за максимална брзина од преку 160 km/h.
Третиот важен модел што ќе го краси штандот на Toyota во Париз е
компактниот SUV наречен Urban Cruiser или урбан крстосувач. Исто како и за iQ, верзијата
што ќе биде претставена е всушност сериската верзија на возилото.
Urban Cruiser го брани епитетот комапктен SUV со својот
погон на четири тркала кои на почеток ќе ги задвижува познатиот турбо дизел на Toyota од 1.4 литри со
има емисија на СО2 од 133 g/km.
Сеуште не е најавен датумот кога ќе стартува
комерцијализацијата на Urban Cruiser, но сигурно е дека исто како и за iQ таа ќе се случи во текот на 2009.
|