Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Porsche 911 Carrera официјално
24.08.2011

Брзо по протекувањето на информациите за новата генерација на легендарната 911 Carrera, Porsche ги објавува и првите официјално фотографии и податоци пред премиерата закажана за Франкфурт.

porsche-911-carrera-1-2011-1

Porsche е горд на дизајнот чии форми дополнително го нагласуваат мускулестото тело на новиот 911 кој е за нијанса поголем од својот претходник, но како што веќе рековме е за 45 килограми полесен.

Сега се знае дека меѓуоскиното растојание е поголемо за 100 mm, но сеуште не се открива ширината на трагата. Лесното тело е добиено со паметно комбинирање на алуминиум и на високолегиран челик.

Значително намален е и коефициентот на отпор на воздух, а подобрата стабилност при високи брзини се постигнува со ново конструираниот спојлер кој се извлекува и го менува аголот во зависност од брзината.

Управувањето е електромеханичко и нуди поголема прецизност од кај претходно и заедно со новата задна оска, пошироката трага и поголемото растојание меѓу оските ја подигнуваат возната динамиката на ниво на тркач.

Основниот модел Porsche 911 Carrera го задвижува 3.4 литарски боксер со шест цилиндри и 350 КС. Спарен со опционланиот менувач на Porsche со две спојки, PDK ја турка 911 Carrera до 100 km/h за 4,6 секунди.

Оваа вредност се скусува на 4,4 секунди доколку се притисне копчето Sport Plus од пакетот Sport Chrono. Во просек потрошувачката е сведена на 8,2 l/100 km, или 1,6 l/100 km помалку од претходникот.

porsche-911-carrera-2-2011-1

Воедно со 194 g/km емисија на јаглероден диоксид 911 Carrera е првиот модел на Porsche со емисија на CO2 пониска од 200 g/km. Помоќната 911 Carrera S исто така има ниска емисија на СО2 која изнесува 205 g/km.

Porsche 911 Carrera S одзади пакува 3.8 литарски боксер со 400 КС кој во просек троши 8,7 l/100 km, односно 1,5 l/100 km повеќе од претходникот и покрај поголема моќност од 15 КС.

911 Carrera S со опционалниот менувач PDK до 100 km/h спринтува за 4,3 секунди, a со опционалниот пакет Sport Chrono за 4,1 секунди. Максималната брзина за сега не се наведува.

Затоа се знае датумот на почетокот на продажбата и цените. Комерцијализацијата на 911 Carrera и 911 Carrera S стартува на 3-ти декемрви, а нарачките ќе почнат да се примаат од 1-ви септември.

Цената во Германија почнува од 88.038 евра за 911 Carrera и од 102.436 евра за помоќната 911 Carrera S.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook