Porsche ја претстави својата обновената икона 911 и како што
може да се забележи повторно станува збор за минимални измени, но ова важи само
за дизајнот.
Традиционално со секоја обнова 911. станува се подобра и
подобра и во Цуфенхаузен не се откажуваат од овој проверен рецепт. Минимални
промени однадвор, значитални промени однатре.
Ова значи дека 911 за првпат во историјата доаѓа со директно
вбризгување на гориво и со менувач со две спојки. Првите модели што ќе
профитираат од оваа нова технологија се Carrera и Carerra
S и од сега ќе возат со менувач со седум степени на пренос и ќе бидат
поштедливи од своите претходници.
Директното вбризгување не е новина за Porsche бидејќи
веќе е применето кај Cayenne, поточно на неговиот 4.8 литарски V8, но ова е
првпат да биде поставено на боксерот со шест цилиндри.
Секако задачата за инженерите на Porsche била далеку
од едноставна, но трудот вредел бидејќи придобивките од една ваква технологија
се значителни. Повеќе моќност, поголем вртежен момент, помала потрошувачка и
емисија на издувни гасови.
Измените на моторот не се однесуваат само на
вбризгувањето. Редизајнирани се коморите за согорување, коленестото вратило, а
нови се и пумпата за масло и за вода. Сето ова условило подигнување на
максимланиот број на вртежи на моторот на 7.500 врт/мин што е за 200 вртежи
повеќе од претходниот мотор.
Направените измени му овозможуваат на 3.8 литарскиот шест
цилиндричен боксер да испорача 380, место 350 КС колку
што имаше претходникот, а максималниот вртежен момент пораснал од 400 Nm при 4.600
вртежи на 420 Nm при пониски 4.400 вртежи.
Со олку коњски сили и вртежен момент новата Carrera
S е способна да забрза до темпо 100 за 4,3 секунди што е за 2 десетинки
побрзо од нејзиниот претходниот модел.
Она што одушевува уште повеќе кај новиот 911 се
занчително намалување на потрошувачката и емисијата на издувни гасови. Од Porsche
пристигнува податокот дека Carrera S со 3.8 литарскиот боксер врзан со седум степениот менувач
со две спојки има 12,8% помала емисија на издувни гасови и троши 14,5% помалку гориво од
својот претходник.
Слични бројки остварува и обичната Сarrera со 3.6
литарски мотор, секако во однос на својот претходник. И сето ова благодарение
на директното вбризгување и новиот менувач.
Измените на каросеријата паѓаат во втор план иако тие
исто така се значаен сегмент за добриот настап и одржувањето на 911 во врвна
форма.
Нови се задните светла со светлечки диоди, редизајнирани
се и предниот и задниот браник. Во предниот вкомпонирани се и светлата за
возење дење, а нови се и тркалата со пречник од 18 и 19 инчи.
На почеток на располагање се само Carrera
и Carrera S како купе и кабриолет, а понатаму се очекуваат и Carrera 4S и секако Carrera
Turbo.
|