|
Тркач за на улица или обратно. Можеби вака би требало да гласи насловот кој се однесува на текстот во кого се претставува најспортската сериски произведувана деветстотини и единаесетка.

Станува збор за најновата и најмоќна атмосферска изведба на легендарниот Porsche 911 кој зад задната оска пакува шест цилиндричен боксер со зафатнина од 4.0 литри и специфична моќност од 125 КС по литар зафатнина.
Пресметано, моторот на Porsche 911 GT3 RS 4.0 кон задните тркала испраќа 500 КС при 8250 врт/мин и максимален вртежен момент од 460 Nm кој се остварува на високи 5.750 врт/мин.
Бројот на вртежи на кои се остварува најголемата вредност на вртежниот момент означува дека она што за обичните мотори е крај на работното подрачје за 911 GT3 RS 4.0 e само почеток кога моторот почнува вистински да дише.
Моќноста кон задните тркала се испраќа преку спортски 6 степен секвенцијален менувач со запченици со рамни запци. Интересно е што GT3 RS 4.0 е изведба со најголема зафатина во историјата на моделот 911.

Моторот користи делови како што се ковано коленесто вратило од легиран челик и ковани клипни лостови и клипови од титаниум кои се превземени од спортскиот 911 GT3 RSR за 2011 година подготвен да се натпреварува во сериите GT ширум светот.
Покрај технолошкиот бисер од мотор, 911 GT3 RS 4.0 користи суспензија која е земена на заем од светот на мотоспортот. Има поширока трага и напред и назад, лежи пониско до земја, а подот е скорен како вентуриева цевка.
Ова значи дека 911 GT3 RS 4.0 генерира масивна доза на негативен потисок лепејќи ги и предната и задната оска за асфалт при висока брзина. Задното антикрило дополнително ја подобрува лепењето за асфалт.
Споре пресметките на аероинженерите негативниот потисок што го создаваат аеродинамичките елементи изнесува 190 kg при максимална брзина која од Porsche сеуште не ја откриваат.

Информациите за перформансите важат само за спринтот, поточно за катапултирањето кое од место до 100 km/h кое трае само 3,9 секудни, а до 200 km/h трае помалку од 12 секунди.
Покрај моќниот мотор, одличната механика и аеродинамика 911 GT3 RS 4.0 своите перформанси ги должи ина исклучително лесната градба со обилно користење на лесни материјали, пред се на карбон-фибер.
Од овој модерен материјал се изработени предните крила, хаубата, тркачките кади и задното крило. Од лесен поликарбонат се изработени трите задни стакла, а од лесни вештачки материјали се изработени и облогите во кабината и теписите.
Сето ова условило 911 GT3 RS со полн резервоар на вага да покажува 1.360 kg со што е постигнат соодносот тежина/моќност од 2,72 kg на КС и е надмината магичната граница од 3 kg на КС.

Секако олку напредна технологија, перформанси и силина спакувани во привлечен пакет и поставенa на четири тркала неможе да биде евтина. Основната цена почнува од 178.596 евра во Германија.
|