Откако Porsche минатата година ги претстави рестилизираните верзии на 911, Carrera и Carrera
4 како и моделот Targa
и GT3
го продолжува обновувањето на гамата со ултра спортскиот GT3 RS.
Во најдобрата традиција на Porsche измените на каросеријата
се минимални и се однесуваат само на неколку стилски детали. Она што е најважно
се опсежните подобрувања кои се сокриваат под препознатливото парче ламарина.
Од Porsche новиот GT3
RS го опишуваат како „Најспортската 911. што некогаш била
направена”, секако хомологирана за во редовен сообраќај, а на што се однесува ваквиот
слоган следува понатаму.
Во 911
GT3 RS како и во 911
GT3 работи познатиот атмосферски шест цилиндричен боксер од 3.8
литри кој до задните тркала испраќа повеќе снага и се врти уште побрзо и по
динамично.
Моторот на GT3
RS остварува повеќе од здрави 450 КС. Зголемување на
моќноста во однос на GT3 за 15 КС. Сето ова значи дека моторот има специфична моќност од повеќе од
118 КС по литар зафатнина што е доста висока бројка за еден атмосферски мотор.
Без оглед на високите перформанси и тркачките
карактеристики од Porsche наведуваат дека 911 GT3
RS е потполно поддесен за секојдневно возење како низ град
така и на отворен пат.
Ексклузивен за 911 GT3
RS е и новиот високо ефикасен шест степен мануелен менувач
со мала тежина и кус од на рачката од менувачот за побрзо и попрецизно
префрлање.
За разлика од менуваќот на GT3, менувачот на 911 GT3 RS има и
покус сооднос на преносот кај петте степени со што се постигнати подобри
забрзувања, додека подолгиот шести степен овозможува повисока крајна брзина.
За понатамошно подобрување на динамичките карактеристики
и лежењето на пат, 911 GT3
RS доаѓа со посебно за него модификувана активна суспензија
со која управува системот PASM Porsche Active Suspension
Management, но и со поширока трага како на задната оска така и на
предната оска.
Поради зголеманата трага каросеријата на 911 GT3 RS е
поширока од онаа на GT3 и напред и назад. 911 GT3
RS стои на уникатни леснометални бандажи од 19 инчи обуени
во гуми 245/35 напред и 325/30 назад.
Голема новина се и динамичките држачи на моторот кои
доаѓаат стандардно кај 911 GT3
RS чива единствена цел е подобрување на возните
карактеристики и подигнување на уште повисоко ниво.
Во зависност од условите на возење држачите на моторот ја
менуваат цврстината и ефектот на придушување на вибрациите со што се подобрува
врската меѓу моторот и каросеријата кога се вози исклучително динамично.
Понатаму големо подобрување е направено и кај
аеродинамиката. Зголемен е потисокот врз подлогата која сега е еквивалентен на
тркачките автомобили. За тркачките карактеристики на 911 GT3 RS
допринесува и литиум-јонскиот акумулатор кој во однос на класичниот оловен е
полесен за повеќе од 10 kg.
Својата блиска поврзаност со светот на мотоспортот 911 GT3 RS ја
прикажува и преку лутиот стајлинг, спуштеното подвозје, огромното задно крило
од карбон-фибер со посебно дизајнирани носачи изработени од алуминиумска
легура.
Двојните издувни цевки на екстра лесниот спортски издувен
систем целосно изработен од титаниум дополнително го поврзуваат со светот на
мотоспортот, а тука се и новиот преден и заден браник ексклузивно направени за
911 GT3 RS.
Стартот на продажбата на 911 GT3 RS е
закажан за јануари 2010 на пазарот во Германија, а следствено ќе се појави и на
останатите евроспки пазари.
Цената за во Европа е заокружена на 122.400 евра секако
без дополнителните давачки. Па кој љуби и може нека повели.
Долу е галеријата, а за видеото кликнете тука.
|