|
07.05.2007 |
Во Цуфенхаузен стартуваше новиот 911 Turbo Cabriolet. Со тоа продолжува 20-годишната традиција на 911 Turbo со класичен платнен покрив. Моторот е истиот од купето, 3,6-литарски со 480 КС.
Основната цена на Porsche Cabriolet е 126.600 евра. Во пакетот Sport Chrono Paket Turbo за кого се доплаќа, се добива функција overboost, односно краткотрајно вртежниот момент на моторот се качува од вообичаените 620 на 680 њутнметри. Верзијата со мануелен менувач забрзува до стотка за четири секунди, а со Tiptronic S времето се скратува на 3,8 секунди. И во двата случаи крајната брзина е 310 километри на час.
Подвозјето е дотерано посебно за кабриолетот. Во серискиот пакет се добиваат активното дотерување на амортизацијата PASM, електрониката за стабилизирање РЅМ и контролираниот погон на сите тркала РТМ. Погонскиот систем со електронски регулирана ламеласта спојка ја распределува силата на моторот меѓу предната и задната оска зависно од условите на возење и реагира побрзо отколку што моторот реагира при нагло одземање на гас.
Со отпор на воздух 0,31 кабриолетот е на исто ниво со купето. Во комбинација со традиционалниот заден спојлер кој излегува автоматски над 120 километри на час и се крева за 30 милиметри повисоко отколку кај купето, 911 Turbo е единствениот сериски кабриолет кој произведува потисок на задната оска.
Во сериската опрема на Turbo спаѓаат биксенонски светла, ковани бандажи од 19 инчи, автоматска клима, аудио систем со навигација и монитор од 15 сантиметри и surround систем од Bose.
|