|
28.11.2007 |
Porsche ја откри новата верзија на својот Boxter пред
нејзиното светско деби на салонот во Болоња што ќе се одржи следната седмица.
Новиот автомобил го носи името Boxter RS 60 Spyder.
Автомобилот е инспириран од класичните тркачи со отворен
кров од пеесетите како што е Porsche Type 718 RS Spyder. Корситејќи го Boxter
S како автомобил донатор, дизајнерите додале нов преден браник со интегриран
спојлер, 19 инчни леснометални бандажи од Porsche
SportDesign, издув со зголемен проток и дупли издувни цевки и
контролата на стабилност Porsche Active Suspensiot Menagement – PASM. И за крај
го преработиле и моторот кој сега дава здрави 303 КС.
Автомобилот е обоен во уникатната метална боја GT
Silver, комбинирана со природно штавена кожа со која е преслечен ентериерот во Carrera
црвена боја. Покривот исто така е обоен во Сarrera црвена.
Како алтернатива постои можност за избор на темно сива
кожа во комбинација со црн кров. Задните светла исто така се обоени црвено.
Бнатре праговите на вратите се прекриени со плочки од
неќрѓосувачки челик во кои е изгравирано името на автомобилот RS
60 Spyder. Инструментите исто така се обоени во GT сребрена
боја.
Porsche Boxter RS 60 Spyder се очекува да
пристигне во продажните салони во март 2008 со почетна цена од 53.500 евра без
данок, а производството ќе биде ограничено на само 1.960 примероци.
|