Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Porsche Cajun доаѓа во 2013
20.10.2011

Официјалната информација која доаѓа од седиштетот на Porsche во Цуфенхаузен вели дека малечкиот брат на Cayenne кој ќе го носи името Cajun пристигнува на пазарот во Европа во 2013 година.

porsche-cajun-crtez-2-2011-1

Cajun ќе биде второто возило со зголемена проодност во понудата на Porsche, велат одговорните за односи со јавност. Тој ќе биде поставен на платформата на Audi Q5 која дополнително е модификувана за потребите на Cajun.

Производството ќе се одвива во модернизираните погони на фабриката на Porsche во германскиот град Лајпциг во која производителот неодамна инвестираше 500 милиони евра.

Porsche го опишува помалиот брат на Cayenne како лесен, удобен и со одлични динамички карактеристики со кои ќе им конкурира на BMW X3, Mercedes GLK, Audi Q5 и секако новиот Range Rover Evoque кој по стил најмногу му одговара.

Што се однесува до моторите од Porsche сеуште молчат, но се очекуваат турбо бензинци и дизели за кои веќе пишувавме. Секако во понуда ќе биде и хибридна верзија со бензинецот 2.0 TFSI и електромотор со 44 КС.

Цената би била на ниво на Range Rover Evoque со што се потврдуваат претпоставките дека таа ќе стартува од околу 40.000 евра.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook