|
17.02.2012 |
|
Porsche открива нови информаци за своето мало спортско корисно возило кое кога ќе пристигне на пазарот нема да го носи до сега најавуваното име Cajun, туку ќе се нарекува Macan.

Така не останува ништо од идејата Cajun во суштина да биде Cayenne Junior, односно мал Cayenne. Сепак, името Macan не е ставено колку да ја пополни дупката туку има значение.
Тоа доаѓа од Индонезија каде на локалниот јазик Macan значи Тигар. Името воедно како значение обединува поими како ловец, сила, брзина, шарм, појава, односно сите карактеристики кои во себе ги содржи малиот SUV на Porsche.
Во Цуфенхаузен се подготвува планот за негово производство кое треба да стартува во текот на 2013 година. Тоа ќе се одвива во фабриката на Porsche во Лајпциг каде ќе бидат отворени дополнителни 1.000 работни места.
Светската премиера е закажана за на салонот во Париз на есен годинава, а во официјалното соопштение на Porsche стои дека комапнијата се надева дека Macan ќе го повтори успехот на Cayenne.
|