Porsche очигледно не
престанува со изненадувања. По претставувањето на Panamera следи уште
една голема новина од производителот на спортски авотмобили.
Во Штудгарт беше преставен првиот автомобил на Porsche
под чива хауба работи дизел. Станува збор за Cayenne кого го
задвижува 3.0 литарски V6 TDI, истиот мотор што работи и во Audi Q7.
Одлуката на Porsche во својата
програма да воведе дизел не беше едноставна. По многу превирања, но и по
најавата за воведување построги норми за емисија на издувни гасови од страна на
Европската комисија, одлуката падна.
Porsche Cayenne доби штедлив и моќен агрегат со кого станува
далеку поконкурентен во сегементот каде владеат премиум спортски теренци Audi
Q7 , BMW X5, Mercedes ML и GL.
Одговорните во компанијата истакнуваат дека меѓу другото
се одлучиле на еден ваков потег бидејќи сопственоста на групацијата Volkswagen им
дозволува пристап до широка палета на квалитетни дизели.
Ова им овозможува релативно брз развој на спортски модели
задвижувани од дизел. Најавуваат дизел и за Panamera .
Конкретно моторот што работи во Cayenne испорачува
240 коњски сили и мрсен вртежен момент од максимални 550 Nm кои
обезбедуваат моментален одзив на педалот за гас и одлични меѓу забрзувања.
Cayenne во просек
троши 9,3 L/100 km и има емисија на СО2 од 244 g/km. Porsche
сеуште не ги обелоденува перформансите, но се очекува спринтот до 100 km/h да трае
значително покусо од 8,5 секунди што му се потребни на значително потешкиот Q7.
Cayenne дизел
сериски доаѓа опремен со автоматскиот менувач Tiptronic S, мануелен
менувач не се вградува поради високиот вртежен момент.
Продажбата стартува во февруари 2009 со стартна цена од
околу 48.000 евра.
|