|
Porsche официјално ја претстави втората генерација на Cayenne пред закажаната светска премиера на претстојниот салон во Женева. Продажбата стартува подоцна, а објавени се и цените.

Како и неговиот брат близнак втората генерација на Volkswagen Touareg, новиот Cayenne нуди повеќе простор, повеќе комфор, погоема практичност, современа технологија, хибриден систем, помала тежина и поголема економичност.
Во основа сето она што важи за Touareg по прашање на градбата стои и за Cayenne секако со повпечатлив дизајн и полуксузно опремена кабина, подобар имиџ и повисока цена.
Новата генерација на Cayenne има за 40 mm поголемо меѓуоскино растојание од претходникот и подолг е за 48 mm и највпечатливиот детал е централната конзола која на возачот му дава чувство како да се наоѓа во кокпит на авион.
Основниот модел стартува со атмосферскиот V6 бензинец кој има остварува 20 КС повеќе од кај Touareg. 3.6 литарскиот V6 FSI во Cayenne остварува 300 КС и во соработка со опционалниот осум степен автоматик наречен Tiptronic S кај Porsche остварува иста просечна потрошувачка од 9,9 L/100 km.
Вториот модел во понудата е дизелот 3.0 V6 TDI кој ги остварува истите 240 КС и 550 Nm и просечна потрошувачка од 7,4 L/100 km. Porsche се оградува од помоќниот 4.2 литарски V8 TDI, но затоа ги нуди своите V8 бензинци.
Послабиот атмосферски V8 кој ќе се вградува во Cayenne S од 4.8 литри зафатнина остварува 400 КС што е зголемување на моќноста за 15 КС во однос на претходникот, но затоа има за 23% пониска просечна потрошувачка или 10,5 L/100 km.
Турбо изведбата на 4.8 литарецот кого ќе го носи Cayenne Turbo остварува 500 КС и исто како атмосферската изведба во однос на претходникот има за 23% пониска просечна потрошувачка или 11,5 во однос на 14,9 L/100 km.
Технолошки најнапредната изведба е Cayenne S Hybrid која го нуди истиот паралелен хибриден систем со сите негови карактеристики како и кај новиот Volkswagen Touareg Hybrid.
Значи 3.3 литарскиот V6 турбо бензинец TFSI произведува 333 КС е спарен со електромотор од 47 КС и заедничка моќност од 380 КС и максимален вртежен момент од 580 Nm при само 1.000 врт/мин.
Од Porsche сеуште не ги објавуваат перформансите оставајќи барем мала загатка пред светската јавност. Но, затоа ги објавуваат цените секако без давачки па нарачките може да почнат.
Основниот Porsche Cayenne во Европа стартува со цена од 46.400 евра. Cayenne Diesel ќе чини 49.900 евра, Cayenne S 60.900 eвра, Cayenne S Hybrid 65.900 евра и Cayenne Turbo 96.900 евра.
|