Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Porsche GT3 RSR
18.02.2008
porsche-gt3-rsr-1.jpgСтанува збор за најмоќниот тркачки 911. Истата титула GT3 RSR ја носеше и претходно. Но, во Porsche сметаа дека од него може да се извлече уште и повторно ги поместија границите.

GT3 RSR се натпреварува во класата GT2, а претходникот победуваше на трките на издржливост како што се легендарните Леман и 24 часа Нирбургринг, а минатата година освои еден куп победи во Серијата Леман.

Новиот модел има потполно сменета предница што му дава свеж лик, но сепак кај еден тркачки автомобил најважните измени се кријат под ламарината.

Конструкторите успеале да го олеснат автомобилот и да ја подобрат аеродинамиката со што се подобрени перформанси и покрај тоа што моторот, освен ситни измени, генрално останува ист. 3.8 литарскиот боксер остварува 465 коњски сили при 8.000 вртежи, а максималниот вртежен момент изнесува 430 Nm при 7.250 вртежи.

Затоа GT3 RSR има нов секвенцијален шест степен менувач кој е значително полесен и со помало триење и овозможува многу поголем трансфер на моќта и на вртежниот момент до погонските тркала.

Со помош на новиот спојлер напред, редизајнираните странични завеси и отвори GT3 RSR притиска многу повеќе врз подлогата и има помал отпор на воздух. Задното крило останува несменето. Подобрениот сетап на суспензијата дополнително ги подобрува возните својства, а зголемен е и дизјапазонот на можни варијации на сетапот на суспензијата.

Ќе бидат произведени само 35 тркачи GT3 RSR кои ќе бидат испорачани на приватните тимови низ цел свет по цена од 349.800 евра.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook