|
30.04.2007 |
Германскиот производител на спортски автомобили денес даде официјална понуда за преземање на Volkswagen, најголемата автомобилска марка во Европа.
На крајот на март Porsche го зголеми учеството на акциите во Volkswagen за 3,6 проценти. Со купувањето на овие дополнителни акции фирмата од Штутгарт достигна учество од 30,9 % во Volkswagen и според германсктие закони беше задолжена да даде официјална понуда за превземање на преостанатите акции во Volkswagen.
Со важност до 29 мај, Porsche најави дека ќе понуди 100,98 евра по акција, што е под моментната вредност на акциите на Volkswagen од 112 евра.Аналитичарите предвидеа дека малкумина акционери би ја прифатиле понудата на Porsche, сметајќи дека престижната марка воопшто нема намера да ги преземе сите акции на Volkswagen. Тие сметаат дека овој потег на Porsche е мудар начин да се зголеми влијанието во VW без потреба да се плаќа за дополнителни акции.
|