|
10.07.2007 |
Акционерите во Porsche ги одобрија
плановите за формирање на нова компанија во која влегуваат Volkswagen, MAN и Scania за да се
направи глобален моќник кој ќе и се спротивстави на Тоyота.
Porsche под водство на Венделин Видекинг ќе го води новиот
проект поради контролниот пакет на акции во VW и чии
заеднички приходи ги надминуваат оние на General Motors и на Ford, но се зад
Toyota.
МAN веќе преговара со Scania и со VW - комерцијални возила за предложеното здружување па така наскоро можеме да ги
видиме камионџиите во произвoдство на патнички возила.
Видекинг го предложува здружувањето бидејќи и покрај
големиот напредок концернот на VW сеуште не стои во иста лига со GM и со Toyota.
Porsche поседува 31 процент од акциите во VW што значи
дека Видекинг ќе биде човекот кој ќе управува со здружената компанија.
Воедно
Видекинг е во преговори со шефот на VW, Мартин Винтеркорн
за развој на поголем број на заеднички проекти вклучувајќи хибридна технологија
и електрични системи.
|