Историски момент е веста за постигнување договор за
соединување на двата легендарни германски производители на автомобили. Porche и Volkswagen
по многу превирања конечно стапуваат во алијанса.
Новата автомобилска групација најверојатно ќе го носи
името Auto
Union, а на врвот на алијансата ќе застане сегашниот шеф на Volkswagen, Мартин Винтеркорн.
Првичниот обид на Porsche да го превземе Volkswagen пропадна, а во обидот производителот на спортски автомобили западна во
толкави долгови што го принудија на крај да побара сојуз со производителот од
Волфсбург.
Сојузот ќе биде формиран на тој начин што Volkswagen ќе купи дури 42% од акциите на Porsche
AG од Porsche
Holding SE компанија чии сопственици се двете семејства Порше и Пих
кои воедно се сопственици и на дилерските центри на Porsche во Европа.
За купување на 42% од акциите на Porsche AG, Volkswagen ќе потроши околу 3,3 милијарди евра и со тоа ја стартува новата ера за двата производители како што вели Винтеркорн кој додава „Porsche е вистински бисер во протфолијото на нашата компанија".
Алијансата Auto Union доколку навистина го понесе ова име во себе ќе здружува дури 10 производители на автомобили каде влегуваат и марките како Lamborghini, Bugatti, Bentley...
Новата алијанса според проценките годишно ќе генерира над
120 милијарди евра за од продажба на автомобили.
Покраината Долна Саксонија која поседува 20% од Volkswagen најверојатно ќе го задржи својот удел и во новата групација.
Дополнителни информации околу здружувањето на двете компании
нема. Но, според новинската агенција Reuters која што цитира член на бордот на VW
проблемите врзани со претходниот обид на Porsche се решени и повеќе не постојат недоразбирања и пречки.
Се очекуваат детали од создавањето на новата алијанса Auto Union.
|