|
20.09.2007 |
Европските лидери неодамна му излегоа во пресрет на
предлогот за намалување на емисијата на СО2 за нови возила од сегашните 160 g/km
на 120 g/km што е намалување од 25 проценти.
Porsche не верува дека неговите автомобили можат да ги задоволат
барањата на новиот стандард и затоа се закани со тужба доколку европската унија
го прифати овој закон.
Сепак, во Porsche се обидоа да
објаснат дека ваквата тужба во моментов е само теорија, со можност да прерасне
во вистински случај, базиран врз основа дека еден таков закон би ги нарушил
принципите за фер трговија внатре во европската унија.
Како и да е автомобили како што е еден Porsche
911 Turbo прикажан на фотографијата горе во моментов испушта 289 g/km
CO2 и не би можел да ги исполни барањата до крајниот рок во 2012. Во овој
случај производителот би бил принуден да подготви тужба.
Извршниот директор на Porsche,
Венделин Видекинг изјави дека предлогот за воведување на олку строги стандарди
е наивен и дека во реалноста емисијата на СО2 треба да биде различна во
зависност од сегментот на кој му припаѓаат возилата.
Ако се направи поинаку тоа значи дека производителите
на економични возила ќе бидат фаворизирани, додека производителите на луксузни
и спортски автомобили ќе бидат казнети.
|