Volkswagen од секогаш имал реноме на надменост во
германската автомобилска индустрија. Дури и работниците добиваат 20 проценти
повисока плата од просекот.
Воедно VW го финансираше неверојатно скапиот проект на Bugatti
Veyron кој иако допринесе за афирмација на компанијата на светско рамниште сепак
чини премногу.
Новиот извршен директор Мартин Винтеркорн, работи напорно
да смени дел од навиките на VW, но влезот на Porsche како акционер кој
има голем дел од акциите најверојатно ќе ги растресе работите уште повеќе.
Еден стар закон познат како „закон на VW”
забрануваше било кој ентитет да има повеќе од 20 проценти од гласачките права
на производителот од Волфсбург без оглед колкав дел од акциите поседува.
Одлука од Европскиот суд за правда се очекува да биде
издадена на 23 октомври која ќе декларира кршење на европските закони. Крајниот
исход е дека Porsche ќе купи дополнителен пакет на акции за да стане
доминантен сопственик со 51 процент кои ќе му донесат и гласачко мнозинство.
Превземањето нема да мине без потенцијални проблеми. Се
претпоставува дека Porsche ќе отпушти 12.000 работници во процесот подобрување на
ефикасноста и зголемување на профитот.
Претседателот на работничкиот совет на VW, Бернд
Остерлох, кој брои 324.000 работници се закани дека доколку се случи тоа ќе го
тужи Porsche.
|