Get Adobe Flash player
Porsche Panamera галерија
27.11.2008
porsche-panamera-2.jpgОткако пред неколку дена беше прекршено ембаргото и протекоа информациите за Panamera, Porsche побрза официјално да го претстави својот супер спортски седан.

Иако најбитните информации веќе се прикажани, односно она што беше наведено во првичниот извештај стои, Porsche објави комплетно портфолио фотографии за Panamera, пропратени со видео.

Дополнителна информација е дека автомобилот е висок 1.418 mm и дека покрај бензинските верзии набрзо ќе пристигне и Рanamera со дизел, а потврдено е дека ќе се вградува и хибриден погон.

Цените на автомобилот ќе се движат во рамките што се наведени, додека комплетните информации за сериската опрема, моторите, менувачите и перформансите ќе бидат објавени по претставувањето во Женева.

До тогаш ќе биде јасна и реакцијата на потенцијалните купувачи, односно дали предвидената рата на производство од 20.000 примероци на годишно ниво ќе биде доволна, или пак, можеби преголема, бидејќи нарачките веќе се примаат.

Пуритистите кои неможат да смислат Porsсhe со четири врати и веруваат дека секој таков модел е предодреден на неуспех веќе се покажа дека не се во право. Доказ е теренецот Сayenne.

Воедно големите димензии кои ја развлекуваат легендарната линија и дизајнерски елементи карактеристични за Porsche, воопшто не го нарушуваат изгледот на спортската лимузина. Дури може да се забележи дека Panamera делува складно.

Во секој случај, со своето појавување Рanamera ќе го смени пазарот на спортски лимузини, или уште подобро, ќе ја пополни празнината која настанува меѓу класичните спортски седани како еден Мaserati Quattroporte и моќните верзии на големите лимузини како Audi A8, BMW Серија 7 и Mercedes S Класа.

Едноставно Panamera ќе нуди многу простор, спортски перформанси по релативно прифатлива цена. Секако имиџот на Porsche доаѓа патем.


 

 

 

Facebook