Porsche официјално стартува со маркетинг кампањата за лимузината
Panamera која би требало да стартува со продажба во првата
половина од следната година.
Светската премиера на Panamera
најверојатно ќе се случи на салонот во Женева во март по што треба да стартува
и комерцијализацијата на автомобилот.
Експертите за маркетинг во Porsche по
добиените резултати од опсежните истражувања заклучиле дека е најдобро
љубителите на марката и воопшто сите оние кои ги интригирааат нивните
автомобили без оглед на возраста да го остварат првиот контакт со Panamera
преку интернет.
Според нив привлекувањето на внимание преку интеренет
најмалку се однесува на оние кои се во можност да го купат автомобилот. Тие
знаат што нуди и што значи поседувањето на модел на Porsche имаат
средства и купуваат.
Целта е создавање на генерации љубители на марката од најрана
возраст кои во блиска или подалечна иднина ќе бидат не само потенцијални туку
сигурни клиенти на Porsche.
Очигледно е дека зад маркетиншките потези на Porsche, но и на
секој производител на автомобили се крие комплесен систем за градење на вредностите, нешта што кај нас не само што не се познаваат, туку се и
непоимливи и тешки за прифаќање токму поради отсуството на систематскиот начин на
градење на вредностите и не само во поглед на маркетингот.
За остварување на својата идеја Porsche создаде
гранка од својата интернет страница наречена Panamera Online
Magazine каде преку видеа од тест возењата на максираните прототипови на Panamera, текст и
фотографии на посетителите им се доловува идејата и процесот на создавање на
авотмобилот кој ќе го смени светот на луксузните лимузини за секогаш.
Во првиот чекор од кампањата е пуштена првата патка со
цел да се привлече вниманието, но и да се прикаже еден дел од Panamera во
случајов носот во профил од кого може да се заклучи дека автомобилот е
дефинитивно Porsche и ништо повеќе од тоа.
Следниот чекор е прикажување на нов детал од автомобилот.
Оваа нова патка во форма на фотографија официјално ќе биде прикажана на 20
септември.
|