Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Porsche за сега се откажува од VW
01.12.2008
porsche-ceo-wiedeking-1.jpgНамерата на Porsche уште минатата година за купување на доминантен дел од акциите на VW, поточно 75%, останува да лебди во воздух поради светската финансиска криза.

Имено Porsche донесе одлука за превземање на Volkswagen, но не само со купување на контролен пакет на акции од 51%. Афинитетите не застанаа тука. Porsche сакаше доминантен удел заради остварување на голема придобивка од профитот на VW.

Меѓутоа плановите се изјаловија. Шефот на Porsche, Венделин Видекинг објави дека заради светската економска криза Porsche времено ќе ја одложи намерата да купи пакет на акции кои ќе му обезбедат доминантен удел во Volkswagen.

Финансискиот дирекор на Porsche, Холгер Хертер, го поддржува својот шеф во одлуките и вели дека компанијата нема намера да купува акции по „економски апсурдни цени”.

Според него поради финансиската криза која го зафати светот цената на акциите на Volkswagen е 25% повисока од вообичаено и Porsche нема намера залудно да ги расфрла своите средства.

Плановите на Porsche на почетокот од годината беа да се купи голем дел од пакетот на акции на VW или 42% да се достигне вредноста од 75% и да се превземе сопственоста над компанијата.

Секако малата задршка не значи дека Porsche се откажува од намерата. Според зборовите на Видекинг остварувањето на целите и превземањето на VW ќе се случи во текот на 2009.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook