|
18.06.2007 |
Според асоцијацијата на европските автопроизводители ACEA во мај се продадени 1.442.518 нови возила во Европа. Тоа е пад од 1,6% во споредба со минатиот мај.
Бројот на новорегистрирани возила од јануари до мај 2007 остана на близу седум милиони примероци. Од најголемите пазари во Европа, најдобра продажба е забележана во Италија, со плус од 7,3 проценти. Сите други земји се во минус. Во Германија се регистрирани 11,1 процент помалку автомобили, 293.484 место 330.102. Во Франција се регистрирани 2,8% помалку возила во споредба со минатиот мај.
Висок пораст повторно забележаа помалите пазари во источниот регион, како Полска (+26,1%), Романија (+29,8%) и Литванија (+57,1%). Позитивни бројки имаат и Грција и Ирска со 10,7 и 17,6 проценти.
Број еден на пазарот и натаму е групацијата Volkswagen, чиј удел во новите регистрации опадна од 20,4 на 20,2 проценти. Со плус од 5,7 проценти во споредба со претходната година Fiat повторно бележи раст и Италијанците сега имаат 8,2 проценти од пазарот. Во плус се уште DaimlerChrysler (2,4; 89.094), PSA Peugeot Citroen (2,4; 188.574), Suzuki (4,3; 24.753), BMW/Mini (5,6; 79.708) и Honda (12,0 проценти/26.903 возила).
Другите марки бележат негативен тренд, при што најголем пад има кај Renault (-8,4; 123.883), GM (-8,9; 140.365, Hyundai (-9,9; 26.069) и Nissan (-16,8; 26.284).
|