|
02.05.2007 |
Скептиците можеби и нема да веруваат но, по безмалку 50
години производство најверојатно е дојден крајот за новиот
олдтајмер Hindustan Ambassador.
Ambassador кој се прави на основа на
заборавената серија три на Morris Oxford, се произведува во Индија од 1958
година. Но, кавгите внатре во фабриката Hindustan Motors од
Утарпара го запреа производството. Повеќе од три седмици ниту еден автомобил не
ги напуштил производните ленти.
Штрајкувачите не ги пуштаат добавувачите да влезат внатре
во фабриката и поради тоа нема ниту нови автомобили. Продажбата на стариот Ambassador бележи
катастрофални бројки подолго време, бидејќи купувачите во Индија се одлучуваат
за нови покомфорни и понапредни автомобили. Овој штрајк би значел крај за
малата лимузина.
Ambassador забележувал многу подобрувања во тек
на изминатите пет децении. Клима уред и серво се дел од новите опции. Сменети
се и моторите. Денес купувачите на Ambassador можат да бираат
меѓу 1,5 и 2,0 литарските дизели или 1,8 литарскиот бензинец на Isuzu. Дури
постои модел што работи на компримиран природен гас или CNG.
И покрај измените Ambassador завзема
само 1 процент од 1,4 милиони автомобили продадени во Индија секоја година.
Новите модели од индустрискиот џин Tata можат да го
истиснат Ambassador од патиштата за секогаш.

|