|
09.07.2007 |
За да го обележи крајот на производството на сегашниот
модел Subaru ја пушти во продажба последната едиција на Impreza
WRX, седан и sport wagon, под името GB270.
Името GB е дадено според релито во Велика Британија, кое всушност
е најуспешниот настан на Subaru во WRC. GB270 доаѓа набиена со 266 коњски сили од 2.5 литарскиот
боксер тјуниран од долгогодишниот партнер на Subaru во рели Prodrive.
Моќноста во однос на стандардната WRX е
порасната за 40 КС, а вртежниот момент е подигнат за дополнителни 100 Nm и сега
бутка дизелски 420 Nm. Со што е подобрен и одзивот на моторот на средни
вртежи.
Сето ова е доволно за 5,3 секунди до темпо 100 наспроти
5,9 секунди на стандардната верзија и 13,9 секунди до 160 km/h спроти
14,4 секунди.
Prodrive ја опремил GB270 со спортски сет на
пружини и амортизери, скратен од на рачката на менувачот накитена со топка од Momo.
Останатите козметички дотерувања вклучуваат хромирана предна маска за седанот и
црна за sport wagon, преден спојлер од STI и сребрен
финиш на леснометалните бандажи од 18 инчи за верзијата со четири врати и црни
бандажи со ист пречник за sport wagon.
Subaru ќе ја ограничи продукцијата на само 400 автомобили, а
продажбата стартува на 10 јули.
|