На тјунинг шоуто на езерото Вертер во Австрија,
Audi претстави посмирена верзија на својот концепт TT Clubsport кој
неодaмна беше фатен за време на тестирање.
Новата верзија го наследува оригиналниот концепт со
скратено предно стакло, погон на четири тркала и модификуван 2.0 TFSI мотор кој
преку DSG менувач до тркалата испраќа 300 коњски сили, но за разлика од оригиналот делува
многу посмирено.
Предните светла се превземени од серискиот ТТ со
светлечки диоди за возење дење, предната маска која иако е од еден дел, сепак е
поделена хоризонтално за да се остави место за регистерската табличка, а
модификувани се и огромните отвори за довод на ладен воздух.
ТТ Clubsport е поширок од серискиот ТТ за 66 милиметри, задниот
браник е дизајниран така за да биде и дифузор, а сопирачките се позајмени од
спортскиот ТТS со вентилирачки дискови со пречник од 340 милиметри
напред и 310 милиметри назад.
Во кабината се наоѓаат спортски седишта со изразени
страници за подобро држење на телото во свијоци, познатиот волан на Audi со рамно
дно и алуминиумски педали. Од алуминиум се и рачките на вратите, но се шупливи
заради заштеда во тежина.
Автомобилот несомнено изгледа добро и се разликува од
серискиот ТТ, но далеку е од агресивниот лик на оригиналниот концепт претставен
пред една година.
Audi сеуште молчи кога е во прашање иднината на TT
Clubsport, но се претпоставува дека родстерот ќе се појави на пазар до крајот на
годината како лимитирана серија.
Покрај TT Clubsport, Audi на тјунинг
шоуто го претстави и А3 TDI за кого веќе пишувавме.
|