Get Adobe Flash player
Потврдено! Ќе има BMW Серија 1 М
03.06.2010

Во последните неколку месеци се проширија еден куп информации за појавата на жешка верзија М на Серија 1 на BMW, можеше и да се види видео од маскираниот автомобил кој напорно тестира на Нирбугринг.

bmw-serija-1-tii-2010-1

Сепак, до сега најчесто стануваше збор само за претпоставки и информации добиени од инсајдери на BMW. За волја на вистината, кон средина на минатиот месец пристигна официјална информација дека одговорните во BMW дале зелено светло за проектот. Толку.

Затоа сега има официјална потврда од управувачкиот директор на BMW М Gmbh, Д-р Кај Зеглер.

Зеглер изјави дека производителот од Мнхен планира да ја комерцијализира М верзијата на Серија 1 Coupe, но притоа не даде никакви подетални информации кои се однесуваат на моделот.

Она што е сигурно е дека Зеглер ги отфрли претпоставките дека моделот ќе го носи името М1. Имено тој истакна дека М1 е култен модел на BMW и е своевиден симбол за компанијата и во BMW немаат намера новиот модел да го користи тоа име кое би ја уништило легендата.

М верзијата на Серија 1 ќе биде поставена на основата на купето и според Зеглер треба да се појави на пазарот во второто тримесечје од следната година. Воедно тој додава дека моделот ќе биде произведен во ограничена серија.

Други информации за Серија 1 М нема. Остануваат најавите дека под хаубата ќе пакува модификација на агрегатот којшто работи во 135i.

Без оглед за најавите за лимитирана серија љубителите на малечките спортски баварци не треба да се разочаруваат.

Како и многупати до сега во автомобилската индустрија можно е продукцијата на Серија 1 М да се зголеми доколку се покаже голем интерес за неа.

 

 

 

Facebook