Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Повеќе модели со погон на четири тркала
09.12.2011

Mercedes тргнува во офанзива кога е во прашање погонот на четири тркала и сака во иднина што поголем број од неговите автомобили да го пренесуваат вртежниот момент на подлога преку сите тркала.

mercedes-e-coupe-4matic-1-2011-1

Одлуката е донесена, а реализацијата е во тек, така што веќе од следната година погонот на четири тркала на марката 4Matic ќе се вградува во купеата на класата Е и на класата C, односно Mercedes E Coupe и Mercedes C Coupe.

Ваквата одлука најстариот производител на автомобили на светот ја донесува заради побарувањата на своите клиенти. Имено купувачите, посебно оние на пазарот во САД се повеќе бараат возила со погон на четири тркала.

Секако Mercedes останува доследен на својата традиција и него исклучува погонот на задна оска, но затоа во понудата ќе го вклучи и системот 4Matic. Но, ова опција има одредени ограничувања.

mercedes-c-coupe-4matic-1-2011-1

Оние што ќе го сакаат системот 4Matic во купеата ќе мора да го одберат 3.2 литaрскиот бензинец V6, спарен со седум степениот автоматски менувач 7G Tronic.

Ситемот 4Matic постојано го пренесува вртежниот момент на сите четир тркала во сооднос предна/задна оска 45:55 и нуди зголемена прооднос на автомобилот и стабилност во критични ситуации.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook