Citroen ја враќа култната ознака DS во својата
програма. Иконата Citroen DS не се
произведува повеќе 30 години, сепак, одговорните сметаат дека е вистинско време за да
оживее.
Намерата на францускиот производител, кој го носи духот
на иноваторот Андре Цитроен, е на пазарот да понуди цела серија од модели кои
ќе ја носат ознаката DS.
Концептите на дадената тема ќе се појавуваат уште
годинава на големите авто салони. Потоа, во најскоро време би следеле и нивните
сериски верзии.
Дека нема многу да се чека за првиот концепт говори и
најавата за DS3 кој ќе се појави во март на салонот во Женева. Се работи
за мал автомобил во форма на купе.
Неговата сериска верзија би требало да стигне меѓу
купувачите кон средина на следната година. Вториот модел од серијата DS ќе ја носи
ознаката DS4. Моделот и припаѓа на комапкатната класа и ќе се
појави на пазарот некаде во првата половина на 2011.
Третиот и последен модел од серијата DS,
следствено ќе го носи името DS5 и ќе вози во сегментот на високата средна класа, а
комерцијализацијата е планирана за крајот на 2011.
Иако моделите од серијата DS го носат
бројките 3,4 и 5 тоа не значи дека се наследници на актуелните С3, С4 и С5. Новото
семејство DS е планирано да биде еден вид премиум марка на Citroen со повисок
ценовен ранг.
|