Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Повторно престрелка во Nardo
12.07.2007
z06-nardoСуперавтомобилите се дефинираат според тоа колку брзо можат да возат и колку брзо ја достигнуваат максималната брзина и има само еден тест што го докажува тоа. Престрелката во Nardo.

За изненадување Bugatti Veyron, најбрзиот сериски автомобил на светот никогаш не стигна на ова натпреварување кое го организира магазинот Auto Moto und Sport.

Брз поглед во Гинисовата книга на рекорди открива дека доработениот Porsche, 9ff е најбрзиот автомобил на светот со дозвола за да вози на улица, кој достигна максимални 388 km/h.

Во последниот натпревар на Auto Moto und Sport, еден Ruf RT12 ја понесе славата со 361 km/h и неверојатно забрзување од 0 до 300 km/h за 27,6 секунди. На второ место заврши Mercedes McLaren SLR 722 со максимални 328 km/h, следен од Porsche 911 GT3 со атмосферски мотор со 316 km/h.

Изненадување на денот беше Chevrolet Corvette C6 Z06 со максимална брзина од 314 km/h. Неверојатно но Z06 беше втор најбрз автомобил при забрзувањето до 200 km/h од само 11,9 секунди, само 0,8 секунди зад SLR 722.

Очекуваме дека редизајнираниот „Син Ѓавол” ќе го има потребното за да го собори брзинскиот рекорд и да ги победи останатите мега-евро егзотики.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook