|
Глобалниот проект за модернизација на стандардите за работа на дистрибутерската мрежа на Hyundai Motor Company ја зафаќа и Македонија и нашиот дистрибутер.

Компанијата Korea Auto Trade која работи како ексклузивен дистрибутер на возила и резервни делови на Hyundai за Македонија за своите активности превземени до сега доби задоволителна оцена од генералниот директор на седиштето на Hyundai за Југоисточна Европа, Сан – Док Бе.
При својата работна посета на дистрибутерот Korea Auto Trade и на дел од дилерската мрежа на Hyundai низ републиката Сан – Док Бе имаше можност да се увери во нивното работење и во степенот на воведување на новитети и поволности наменети за потенцијалните и за постоечките корисници на Hyundai.
Доказ за 15 години успешна работа на Korea Auto Trade е и најновото импелемнтирање на 5 годишната гаранција со 5 годишна бесплатна проверка и компјутерско дијагностицирање на возилото, како и со 5 години членство во клубот на корисници на Hyundai кој обезбедува 24 часовна поддршка на пат низ цела Европа (без Косово).
Воедно Korea Auto Trade следејќи ги современите текови на работење успева на новите купувачи да им понуди поволен автомобислки кредит во соработка со Алфа Банка со 50% учество и три години отплата со каматна стапка од 0%.
Секако кон позитивните оцени добиени од Сан – Док Бе се додава и функционалноста и уреденоста на продажно сервисниот центар на Korea Auto Trade во Скопје.
|