Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Пред нас е Honda NSX
12.01.2012

Концептот од кого ќе произлезе новата генерација на суперспортистот на Honda, NSX прикажан е на салонот во Детроит под беџот и името на луксузната марка на Honda во Северна Америка, Acura.

honda-acura-nsx-concept-1-2012-1

Нема сомнежи дека новата генерација на Honda NSX е еден од најочекуваните модели на пазарот. Неговиот претходник беше повлечен од продукција во 2005 година кога Honda одлучи да го прекине развојот на наследникот.

Оваа одлука ги разочара љубителите на марката, но постојаното побарување за моделот ги натера одговорните во Honda да ја преиспитаат својата одлука и така започна развојот на втората генерација на NSX.

Можеби одговорните во Honda не ги слушаа толку желбите на фановите колку што мораа да дадат одговор на појавувањето на Nissan GT-R пред се, но и на Lexus LF-A. Како и да е сега новиот NSX е факт.

honda-acura-nsx-concept-2-2012-1

Технолошки е сосема различен од соперниците. Задвижуван е од новиот систем на Honda, Sport Hybrid SH-AWD кој е составен од нова генерација на бензинец V6 со VTEC технологија поставен централно во шасијата и три електромотори.

Едниот електромотор е врзан директно со бензинецот, поточно електромоторот е вграден во бензинецот за да му овозможи да испорача масивен вртежен момент потребен за страотни забрзувања, но со ниска потрошувачка. Тој ги задвижува задните тркала.

Точната моќност на хибридниот систем не се открива, но гласините велат дека се работи за околу 400 КС со можност за спринт до 100 km/h за помалку од 5 секудни. Менувачот е со две спојки, но не се знае бројот на степените на пренос.

honda-acura-nsx-concept-3-2012-1

Останатите два електромотори се споени во една погонска единица поставена напред и ги задвижуваат предните тркала. Со варијабилна самоподдесувачка контрола на вртежниот момент, при возење низ свијок, погонската единица може во миг кон секое од предните тркала да испрати вртежен момент со позитивна или негативна вредност.

Принципот е сличен на варијабилен распределувач на вртежниот момент со виско спојка кај класичен погон. Системот испраќа поголем вртежен момент кон тркалото кое има подобар контакт со подлогата (надворешното тркало), а се одзема вртежен момент од тркалото со послаба тракција (внатрешното тркало).

honda-acura-nsx-concept-4-2012-1

Така се подобрува стабилноста на предниот крај во свијок, се подобрува тракцијата на предните тркала и се неутрализира подуправувањето. Според инженерите на Honda, новиот NSX е автомобил со најнеутрално однесување во свијок.

Како и претходникот и новиот NSX има лесна градба од алуминиум, но за некои елементи е користен и карабон-фибер. NSX во должина мери 4.330 mm, широк е 1.895 mm, висок е 1.160 mm и има меѓуоскино растојание од 2.575 mm.

Поставен е на леснометални бандажи од 19 инчи напред и 20 инчи назад кои се обуени во гуми со димензии 255/35 и 275/30 соодветно.

honda-acura-nsx-concept-5-2012-1

Производството ќе се одвива во фабриката на Honda/Acura во Охајо, САД и би требало да започне некаде во следните три години.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook