|
29.05.2007 |
Пред 30 години група од купувачи го совлада првиот возачки тренинг на BMW со моделот 320i. Денес на возачите им стојат на располагање преку 250 автомобили и 100 мотоцикли.
Само во Германија минатата година се одржани вкупно 1000 тренинзи, во кои учествувале вкупно 18.000 возачки и возачи. Од 1977 преку 200.000 учесници го усовршиле своето возачко умеење преку тренингот на BMW.
Покрај класичниот тренинг со модели на BMW се одржуваат и специјални тренинзи за возачи на Mini и на мотоцикли. Меѓу 120-те инструктори искусни тест возачи, инженери и специјалисти за развој на автомобили, многумина со повеќегодишно тркачко искуство. Од 1999 година се нуди „Искуството во возење на BMW Group”, во кое се учи и штедливо возење.
|